M3DS Academy

FOR 3D AND GAME DESIGN

Address  Ljubljanska 5, Skopje 1000

Tel: +38977820335

Email: m3dsanimation@gmail.com

  • White Facebook Icon
  • White Twitter Icon
  • White Instagram Icon
  • White YouTube Icon
GET IN TOUCH

Copyright M3DS Academy 2018 | All Rights Reserved

Marvel's Spiderman на M3Conference


Боби Кодингтон доаѓа од Insomniac Games, а на M3Conference ќе зборува за создавањето на Marvel's Spiderman. Како директор на анимација и синематикс, тој е практично одговорен за ригување и анимација на карактери, водење на текот на работите низ тимовите, целосно насочување со стил, работа со камера, лице и околина. Боби Кодингтон како директор на анимација избира и овластува тим од креативни луѓе и им помага да ја водат нивната енергија во кохезивен, ефикасен и моќен резултат што им одговара на потребите на проектот, а со чија помош ги надминуваат потешкотиите и ги совладуваат предизвиците.


Боби има работено со писатели и сценаристи за приказната на Marvel's Spiderman, како и со директори и креативни режисери за развој на ликовите. Тој исто така режира свои снимања на мокап, а работи со талентирани актери и статисти уште од почетокот на неговата кариера. Тој работи повеќе од 20 години во индустријата за анимација во игра, како и за филмска секвенца.

Во неговото работно искуство во сферата се вбројуваат:

  • Директор за анимација и кинематика - (Insomniac Games - Spiderman)

  • Директор за анимација и кинематика - (Insomniac Games - Sunset Overdrive)

  • Директор за анимација и кинематика во: - EA L.A. epic moments team - Army of Two, Spring 2013 - (ЕА) Medal Of Honor War fighter - 2012 година - (ЕА) Demo Projects (Various/Army of 2 - (EA / Pandemic) Mercenaries, “Mercs INC” Multiplayer“ - (EA) Tiberium (fps)

  • Водечки аниматор (Lead Animator) - (EA) pre-production на C&CX

  • Кинографска аниматорска поддршка (Cinematic Support Animator) - (EA) Medal Of Honor Airborne Assault

  • Lead AI Character Animator - (ЕА) Medal of Honor European Assault

  • Lead AI character Animator - (ЕА) Medal of Honor Pacific Assault

  • Character Animator - (EA) Medal of Honor Rising Sun

  • Character&Cinematic Animator- (BOE) Knock Out Kings 2002, X Files prototype demo, Knock Out Kings 2001


Ве очекуваме на M3Conference!

Early-bird карти по промотивна цена можете да купите на:

https://www.kupikartizase.com/Events/m3con_edukativnipredavanja


Facebook настан: https://www.facebook.com/events/3091805941043909/