top of page

Steven Song – texture и grooming artist, само на онлајн M3Conference


Steven Song е артист за текстура и grooming артист, кој во моментов работи во Digital Frontier FX. Роден е во САД, но израснат во Тајланд.


Во оваа презентација, Стивен ќе нè воведе низ целиот негов процес на создавање на едно од неговите последни уметнички дела наречено Duck Creature. Тој ќе зборува за референци, моделирање, текстурирање, grooming и презентација.

 

Вклучете се на стримот на М3ДС Академијата, недела (24 Мај 2020) во 21:00 часот на следниот линк www.twitch.tv/m3ds_academy

 

Откако решил дека сака да продолжи со уметноста како кариера, решил да присуствува на Колеџот за уметност и дизајн во Минеаполис. Кога зачекорил во филмската индустрија, Стивен сфатил дека има толку многу работи што треба да се научат. Колку е брза индустријата и како се менува, е најтешко за повеќето луѓе. Затоа, откако поминало повеќе време тој го направил неговото портфолио посилно, и се запознал со Gnomon School of Visual Effects.


Стивен Сонг одлучил најпрво да присуствува на индивидуални часови, сакајќи да се увери дека ова е токму тоа што го сакал. Тој подоцна се префрлил на нивната редовна програма и се здобил со повеќе знаење за софтверот, но што е најважно, научил како да се справи со борбата на индустријата.



Следете го говорот од светски конференции и слободно прашувајте прашања кон гостинот, на четот на TWITCH.


#СедетеДома и следете ја едукативната

#M3Conference со светските врвни експерти онлајн!

Recent Posts

See All
bottom of page