ZBrush Workshop со Андреј Смилчевски на онлајн стримот на M3CON



Андреј Смилчевски е ZBrush скулптор, дипломиран студент на М3ДС Академијата и лиценциран Autodesk Proffesional Instructor. Негова специјалност е програмата ZBrush, креирањето и моделирањето на карактери, без разлика дали се имагинарни ликови, чудовишта од стрипови, или пак луѓе со изразени реалистични црти.

Следете го неговиот онлајн workshop за ZBrush, од кое ќе научиме нешто повеќе околу скулптингот при photogrammetry скенови.

Вклучете се на стримот на М3ДС Академијата, вторник (14 Април 2020) во 19:00 часот на следниот линк www.twitch.tv/m3ds_academy

Смилчевски активно се истакнува и со неговата заинтересираност за 3Д печатењето и работата на 3Д печатачите. Досега има одржано повеќе активни работилници, од кои последната беше на минатогодишното издание на Скопје Креатива. Андреј е исто така главен виновник за успешноста на изработката на најголемиот 3Д принт во Македонија - 3Д испечатена скулптура од над 34 парчиња во висина од 115cm.

Следете го говорот од светски конференции и слободно прашувајте прашања кон гостинот, на четот на TWITCH. #СедетеДома и следете ја едукативната #M3Conference со светските врвни експерти онлајн!

M3DS Academy

FOR 3D AND GAME DESIGN

Address  Ljubljanska 5, Skopje 1000

Tel: +38977820335

Email: m3dsanimation@gmail.com

  • White Facebook Icon
  • White Instagram Icon
  • 16-512
  • White YouTube Icon
GET IN TOUCH

Copyright M3DS Academy 2018 | All Rights Reserved