top of page

Започнуваат едукативни бесплатни обуки, во организација на АИНОВУМ


Инструкторите од М3ДС Академијата во организација на Здружението за развој и унапредување на информатичките технологии - АИНОВУМ Скопје, како и со поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој, се вклучуваат во проектот ,,КРЕАТОН - Обуки за игри и филмови''.

 

Ве известуваме дека започнуваат ЕДУКАТИВНИ БЕСПЛАТНИ ОБУКИ за креирање на видео игри и филмови, преку 3Д моделирање и анимација, наменети за секоја старосна група, кои наставата ќе ја следат преку определена платформа, директно од своите домови. (онлајн)


Преку интересни и практични вежби, лиценцирани инструктори ќе ја вршат онлајн обуката, а учесниците ќе се запознаат со сфера од ИТ технологиите која не е вклучена во формалното образование.


Воедно, секој учесник ќе добие меѓународно признаен сертификат за успешно завршената обука.

 

👉 Ве молиме да ја пополните оваа форма за да бидете регистрирани како учесници: https://forms.gle/B43AqqG7jVZ43ne16

 

Овој проект е поддржан од Фонд за иновации и технолошки развој на Република Северна Македонија, кои овозможија слободното време, при ваквата тешка ситуација во земјата, да можеме да го искористиме на еден специфичен креативен начин, а истиот е организиран од страна на организацијата АИНОВУМ.


Остани дома, спаси живот, БИДИ КРЕАТИВЕН, ПОМОГНИ!

Recent Posts

See All
bottom of page