top of page

Како да направите визуелно атрактивна видео игра


Луѓето коишто ги изработуваат видео игрите, се оние кои ги прават забавни и интересни за сите нас, а сите ние потајно им се восхитуваме уште од мали нозе. Овие луѓе се наречени артисти, а токму тие се заслужни и одговорни за создавање на околината, ликовите, непријателите, интерфејсот, ефектите и сè друго што го гледате на вашиот омилен екран.

На крајот се се сведува на три основни делови кои ја сочинуваат уметноста на играта: јасност, задоволство и стил.



ЈАСНОСТ

Тоа е објаснување на играчот што се случува и што следува. Работи како

  • Каде да се оди ?

  • Кому да помогнеш? Кои се твоите сојузници ?

  • Кого да пукаш. Кои се твоите непријатели ?

  • Што да се прави следно ?

  • Водење на играчот во вистинската насока.


Јасноста може да се претстави како идентификување на важни дејства и цели и избирање на правилните акции што треба да се превземат. Сето ова преку пат на вчитување на огромен број на информации превземени за многу кратко време.


На играчот треба да му биде многу јасно кои се неговите следни чекори. Иако изгледа многу едноставно, може да биде многу тешко бидејќи игрите имаат толку многу работи што се случуваат во исто време.



Визуелната хиерархија го овозможува ова. Што значи дека најважните информации треба да бидат најлесни и први да се видат. Привлекувајќи го вниманието на играчите кон нив. Тоа може да биде разлика во контраст на: вредност, боја, големина, облик, позиција, па дури и детали.


ЗАДОВОЛСТВО

Дејството што го презема играчот треба да биде задоволувачко и јасно изразено без разлика дали играчот направил добро или лошо. Без разлика дали сте удриле многу силно што доведува до мала пауза за ефект или едноставно како трчање наоколу во игра со отворен свет.

Успеавте да го убиете последниот противник? BOOM victory screen! и други работи што ви кажуваат дека направивте добра работа. Не успеавте да скокнете над боцките? Штета... Жално е да видите death screen, но треба да ве натера да се обидете повторно и следен пат да изиграте подобро.


Треба да има добар баланс помеѓу јасност и задоволство и добар уметнички стил кој се разликува помеѓу видео игрите.

Што не води до последниот дел. Стил



СТИЛ


Стилот треба да изрази одредено чувство кога се игра играта иако има многу игри со слични уметнички стилови да ве натераат да се чувствувате на одреден начин или одредена емоција.

Исто така, постојат игри кои се речиси исти со различни стилови на уметност и направи да чувствувате различни емоции. На пример, да земеме две battle royal игри за споредба. Fortnite и COD Warzone.

Играњето и целта на игрите се исти, но стилот е многу различен. Fortnite е пошарен, пропорциите се по истакнати и преовеличени, околината, дизајните на ликовите се повеќе како цртан и стилизирани, каде што COD Warzone е пореалистична помалку шарени со вистински пиштоли и околини, а исто така е и посериозна.



Во кратки црти, постојат три работи кои ја прават играта подобра.

  • Јасност - Му олеснува на играчот да знае што да прави.

  • Задоволство - Ја прави играта пријатна и забавна.

  • Стил - Ја прави играта уникатна и привлечна.

Ова се клучните елементи на game art. Ќе зборуваме за општиот процес на создавање игра во следниот артикл. Следете не. :)



Recent Posts

See All
bottom of page