top of page

М3ДС Академијата дел од Bitola Mini Maker Faire 2019


На 6 Септември 2019, пред Центарот за Култура во Битола, по втор пат беше организиран саемот за иновации и креации под наслов „Bitola Mini Maker Faire“

 

Настанот беше во организација на Американското катче во Битола, заедно со Амбасадата на САД во нашата држава и со поддршка на Општина Битола. Самата цел на настанот претставува собир на сите љубопитни умови за технологијата, љубителите на рачни изработки, инжинери, научни клубови, уметници, едукатори, ентузијасти и сите вљубеници во истражувањето на нови форми и технологии, како и експериментирањето и иновацијата.

Како дел од овој настан, М3ДС Академијата им овозможи на младите љубопитни умови и идни научници да цртаат и изработуваат предмети со 3Д пенкало, и ги едуцираше за областа на 3Д технологијата и 3Д печатењето. Ваквиот настан за прв пат бил организиран во 2006 година во Америка, а потоа се шири и во Токио, Рим, Шенжен, Тајпеј, Сеул, Париз, Берлин, Барселона, Детроит, Сан Диего, Милвоки и Канзас Сити.

Дел од забавната атмосфера можете да погледнете на фотографиите во продолжение: 

bottom of page