top of page

М3ДС Академијата продолжува со онлајн предавања



М3ДС Академијата почитувајќи ги препораките во врска со пандемијата на коронавирусот, своите предавања за студентите ги префрли онлајн.

 

Изминатата недела беа направени првите тест-предавања на платформата, а веќе непречено се одвиваат предвидените предавања според нивниот планиран тек.

За нашите студенти освен онлајн предавањата, овозможивме и активни термини каде студентите ќе можат да се консултираат со инструкторите, доколку се сретнат со проблеми при решавањето на дадените задачи. Исто така, на нашите студенти кои за жал немаа услови и добар компјутер, за да можат да ги следат часовите од домашни услови, М3ДС им позајми дел од компјутерската опрема, како би можеле истите да бидат во тек. Продолжуваме непрекинато и покрај тешката ситуација во земјата. На сите им посакуваме креативно и правилно да го искористат своето слободно време и да останат со добро здравје. #СедетеДома и бидете креативни!



Recent Posts

See All
bottom of page