top of page

Пред визуелизација на серијата The Mandalorian од страна на М3ДС


Ви ја презентираме нашата fan art 3Д пред визуелизација на The Mandalorian, американска серија создадена од Jon Favreau, за Disney+. Ова е првата серија во франшизата на филмовите Star Wars (Војна на ѕвездите) од George Lucas.


Во изработката учестуваа трите најдобри студенти од 2019/2020 генерација од М3ДС Академијата. Поентата на тестирањето беше да се изработи Previsualization процес на еден филм, односно, како грубо би изгледал филмот пред да почне да се снима. Со помош на ваквиот процес на пред визуелизација режисерот би имал можност да направи измени во сценариото или во кадрите за филмот/серијата да може да биде изработен со најдобар квалитет.


Времето на изработка беше точно 14 дена, а на располагање беа дадени само 2 страници Story Board, без никакви дополнителни детали или насоки.

Користениот софтвер за 3Д изработката е Autodesk Maya, ZBrush, Substance Painter и Unreal Engine.

Креатори се студентите: Воислав Николовски, Симон Зафировски и Александар Трајковски. Ментори се инструкторите од М3ДС Академијата: Флорина Џингова, Андреј Смилчевски и Стефан Митров.

Не можеме да сме погорди за успехот на нашите студенти, затоа се разбира по овој тест тие се официјално вработени во М3ДС.

Се надеваме дека ќе уживате во финалниот резултат.


Ако сакате да станете дел од М3ДС Академијата, кликнете тука. УПИСИТЕ СЕ ВО ТЕК!



The Mandalorian премиерно беше прикажан со лансирањето на Disney + на 12 ноември 2019 година. Првата сезона со осум епизоди беше исполнета со позитивни критики, беше номиниран за Најдобра драмска серија и освои седум „Еми“ награди. Втората сезона беше премиерно прикажана на 30 октомври 2020 година, а третата сезона е во пред-продукција. Серијата ги опфаќа патувањата на еден ловец на осамени расплети во надворешниот тек на галаксијата, далеку од авторитетот на New Republic.

Recent Posts

See All
bottom of page