top of page

Упатство за аплицирање на ваучер за дигитални вештини за млади лица



Ваучерот за дигитални вештини е вредносен ваучер со максимална вредност од 30.000 денари, а истиот го издава Министерството за образование и наука.

Ваучерот им следува на сите млади лица од 18-29 години


Ваучерот се искористува така што доколку се одлучите за упис на обука, со ваучерот можете да покриете 50% од вкупниот износ на обуката.


 

УПАТСТВО ЗА АПЛИЦИРАЊЕ НА ВАУЧЕР

 

ЧЕКОР 1 : КРЕИРАЊЕ НА ПРОФИЛ НА uslugi.gov.mk


Профил на uslugi.gov.mk можете да креирате на два начина:

ПРВ НАЧИН:

  • ако ИМАТЕ регистрирана УЈП СМЕТКА (account) на порталот e-pdd.ujp.gov.mk

  • Се регистрирате на uslugi.gov.mk со истото корисничко име и лозинка од УЈП (односно порталот e-pdd.ujp.gov.mk )

  • При најавата само обележете го полето ,,Имате профил на УЈЛ".

  • Одете во полето ПРОФИЛ, потоа кликнете на полето КОРИСНИЧКИ ПОДЕСУВАЊА, за да проверите на кое ниво се наоѓа вашиот профил

  • Доколку сте на НИСКО НИВО, тогаш вашата регистрација е успешна

  • Доколку сте на ОСНОВНО НИВО, треба да направите надградба на НИСКО НИВО, со што на страницата најдоле го следите линкот, и го регистрирате вашиот УЈП профил.

ВТОР НАЧИН:

  • ако НЕМАТЕ регистрирана УЈП СМЕТКА (account) на порталот e-pdd.ujp.gov.mk

  • испраќате МЕЈЛ на адресата obuki@uslugi.gov.mk

  • во мејлот треба ЗАДОЛЖИТЕЛНО да испратите СКЕН од вашата лична карта, и да оставите телефонски број.

  • чекате да ве исконтактираат од Министерството за информатичко општество и администрација, од каде ви даваат понатамошни инструкции

  • тие ќе го креираат вашиот кориснички профил на uslugi.gov.mk

 

ЧЕКОР 2: АПЛИЦИРАЊЕ ЗА БАРАЊЕ ЗА ВАУЧЕР


По завршувањето на овој процес, вие ќе имате креирано профил на сајтот uslugi.gov.mk.

Следниот чекор е да испратите онлајн БАРАЊЕ ЗА ВАУЧЕР за дигитални вештини.

  • Во опцијата Е-УСЛУГИ, го пребарувате Барањето за ваучер за дигитални вештини за млади лица.

  • Аплицирате на барањето, но внимавајте кон истото ЗАДОЛЖИТЕЛНО да прикачите скениран примерок од дипломата за завршено образование.

  • Барањето за ваучер имате рок да го испратите НАЈДОЦНА ДО 31 ЈУЛИ.

  • Барањето за ваучер, кое не ги содржи прикачените документи, се смета за нецелосно барање и истото ќе биде отфрлено.

 

ВО МЕЃУВРЕМЕ:

Регистрирајте се на нашиот линк, избирајќи една од обуките кои ги нуди М3ДС Академијата.

Со тоа вие резервирате место, со оглед на тоа што работиме со ограничен капацитет на студенти.


Регистрирање за Курсот за 3Д печатење: https://forms.gle/xf5RfiQBuSjD6MBM9

Регистрирање за Intermediate курсот за 3Д : https://forms.gle/GPmPYn83PChESUz38

 

ДОКОЛКУ НАИДЕТЕ НА ПОТЕШКОТИЈА СЛОБОДНО КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ!

 

Нашиот тим Ви стои на располагање, затоа обратете се за било какви прашања за регистрацијата и аплицирањето за ваучерите.


Пишете ни на мејл : info@m3dsacademy.com

или контактирајте не телефонски на +38975445680 или +38977820335.



Recent Posts

See All
bottom of page