Здраво! јас сум Ѓорѓи Гелов дипломиран студент на М3ДС Академија за дигитални уметности, со задоволство сакам да ја споделам мојата приказна поточно мојот пат до исполнување на моите цели.

Секој почеток е тежок... тоа е реченицата која ме води цел живот, кратко и јасно кажано лутаме да се пронајдеме себеси.
Студирав неколку години на факултетот ”ФИНКИ” поточно лутав да се пронајдам себеси, се запишав со цел да научам програмирање, но завршив на крај во индустрија каде што од секогаш сум ја сакал а тоа е Филмската и Гејминг индустрија.
Како јас така и моите успешни колеги се запишаа на М3ДС Академијата, иако сите бевме скептици на почетокот бидејќи 3Д-то на овие простори беше ново, но сакав да пробам и да станам добар во него поточно ме натера упорноста да верувам!
Иако на почетокот ми беше тешко да се справам со програмите поточно со Autodesk Maya и Zbrush бидејќи започнав од апсолутна нула и немав никакво претходно пред знаење. Едно нешто ми даде верба дека ќе успеам во индустријата е благодарение на нашите инструктори, секогаш велеа не е битно кој е добар или лош на почетокот вие треба само да ја ги совладувата задачите што ви се зададени, а за вашето портфолио ќе изработувате тоа што го сакате.
Години подоцна после завршувањето сфатив што е тематиката, мојата индустрија поточно 3Д-то е обемна бранша и нуди огромен број на можности како работење на игри, филмови, синематици, продукт дизајн, мода и тон други работи каде што не верував дека постојат.
Досега имам работено за 4 компании кои работат на тотално различни работи и апсолутно на различни принципи, но едно нешто е исто а тоа е 3Д-то. Исто како што викаат треба да ги следиме правилата на природата е буквално е исто за 3Д индустријата си има свои природно правила.
Досега како што напоменав работев на најразлични проекти но би сакал да издвојам еден кои мие најомилен, а тоа е синематикот на Call of Duty Vanguard - ” The Pacific Cinematic”
Прв пат се соочив да работам со поголем тим но уште поинтересното е што овој проект го работев од дома.
Тука научив дека не е само битно да ја завршиш твојата зададена задача туку и треба да си комуникативен со тимот воедно и да си организиран.
Сите алатки што ги учевме на М3ДС Академијата исто така се употребуваа на овој и скоро на сите останати проекти што ги работев, академијата ми ги даде потребните алатки и ми го покажа патот кој треба да го одам.
Но тоа не е доволно доколку сакате да станете уникатен артист, вие треба секој дневно да се надградувате себеси и да си го градите вашето портфолио, доколку имате поголемо портфолио ќе работите на поголеми проекти.
Ова е уште еден природен закон во 3Д индустријата, што повеќе имате знаење толку повеќе треба да го споделете во вашето портфолио.
Би сакал да дадам совет за новите генерации а тоа е да работите напорно и да верувате во себеси, да знаете дека има иднина од било која локација, во мојот случај ја создадов мојата иднина од Македонија.
Мило мие што има одлични дечки тука, што создаваат и работат на големи проекти, тоа ми дава огромна мотивација да бидам подобар во мојата работа. За крај сакам да наведам работев за Vertigo Visual, Leartes Studios, CG HERO, Onyx Studio и моментално работам во компанијата Track VFX.

За повеќе информации Ве молиме обратете ни се на info@m3dsacademy.com или телефонскиот број 075 445 680