top of page

Маркетинг директорот од Cyberpunk 2077 доаѓа во Скопје


Нилс започнал да работи во медиумскиот бизнис во 1990 година, како продуцент, сценарист и режисер. Во 2010 година се приклучи на Fido - сега дел од Goodbye Kansas - и работел како продуцент на VFX на голем број на играни филмови и реклами. Во 2017 година тој стана директор за маркетинг и беше дел од лансирањето на новиот бренд Goodbye Kansas. Нилс исто така го произведува и хостира подкастот “Yellow Brick Road”, за визуелни ефекти, филмови и игри.


Трејлерот на CD Projekt Red’s за “Cyberpunk 2077” беше голем хит на Е3 2019 и е еден од најгледаните синематици за игри досега. Дознајте повеќе за тоа како бил изработен од Goodbye Kansas, со посебен фокус на визуелно раскажување приказни, добивајќи го реномето за наградуваниот трејлер. Дојдете и придружете се на M3Conference на 20/21/22 Март 2020.

Early-bird карти можете да купите на следниот линк.

Facebook настанот можете да го најдете тука.

bottom of page