top of page

Основачот на М3ДС Академијата дел од настанот ,,Разговор со фриленсери"


На 26 Ноември 2021, во Public Room во Скопје беше одржан настанот ,,Разговор со фриленсери" во организација на Impact фондацијата. На настанот како истакнат говорник беше дел основачот на М3ДС Академијата, Стефан Митров.


Дел од знаењето и искуството на Митров доаѓа од практична работа, работа на разни проекти во повеќе студија во и надвор од државата. Но, особен печат во неговата кариера има и работата како фриленсер . Стефан во своето портфолио има комплетирано над 120 проекти. Со ова негово достигнување тој влезе во кругот на 100те најдобри артисти на мрежата Upwork, со што неговата слика и достигнувања беа истакнати на Times Square во Њујорк во 2018 година.


Ова негово искуство освен тоа што го пренесува и преку курсевите за фриленс во М3ДС Академијата, на настанот го сподели и со присутните.

Покрај него, говорници на настанот беа и Данчо Димков, директор на BizzBee Solutions, Митко Кочковски, CEO на Webpigment, Моника Зоксимовска, архитект и активен фриленсер.


На настанот се разви успешна дискусија не само за добрите страни на фриленсерството, туку и за недостатоците кои можат да се решат во иднина.


Во прилог низ фотографии ви доловуваме дел од атмосферата. (Фотографиите се превземени од фејсбук страницата на Impact Foundation)



bottom of page