top of page

M3Conference донесе дел од светскиот врв во компјутерската графика и анимација токму во нашата земја


Тимот на М3ДС, со спикерите и дел од присутните на M3Conference

Киното Фросина беше збирното место на едни од највлијателните личности од светот на 3Д областа, анимацијата, филмската продукција, производството на игри, виртуелната реалност, како и останатите гранки од оваа област. Експерти од интернационално ниво, доаѓајќи од врвни компании и студија, ги споделија своите искуства и покажаа како претставува да си дел од светските компании, а воедно и што се опфаќа практичната работа на едни од најпопуларните филмови и видео игри на глобално ниво.

Исто така, ги советуваа присутните за компјутерската анимација, моделирањето, гејминг индустријата, филмската индустрија и продукција и делеа совети како би требало да изгледа сечие портфолио и што е она што моментално се бара на светскиот пазар.


Настанот започна на 22 Март (петок) во 19:30 часот, со говорот на Стефан Митров, основачот на М3ДС Академијата, како и главниот организатор на овој настан. Честа за прв спикер ја имаше директорот на фотографија на Pixar Animation StudiosErik Smitt, кој работи преку 19 години во ова студио и презентираше за елементи во анимираниот филм The Incredibles, а по него следуваше Горан Коцов, водечки Layout артист во LucasFilms, ветеран во VFX индустријата, кој говореше за правењето на филмот Solo: A Star Wars Story.

Стефан Митров, основач на М3ДС Академијата и главен организатор на M3Conference

Erik Smitt, Pixar Animation Studios

Горан Коцов, Lucasfilms


Вториот ден од конференцијата беше резервиран за Мишо Ристов од Cylindo, а истиот преку форма на работилница делеше совети за VFX onset техники. Следуваше Михајло Димитриевски – Тхе Мичо од Lynx Animations, со работилница за напредна илустрација, Џорџе Видовиќ од 3Lateral, кој говореше за процесот на креирање From Osiris Black to Andy Serkis.

По нив, J.C.Cornwell, директор за обука и развој на уметници во DreamWorks Animations, кој премиерно откри детали за создавањето на How To Train Your Dragon.

Joshua Beveridge, супервизорот за анимација на Sony Pictures- ImageWorks говореше за анимацијата и креацијата на Spider-Man:Into the Spider-Verse.

Мишо Ристов, Cylindo

Михајло Димитриевски – Тхе Мичо, Lynx Animations

Djordje Vidovic, 3Lateral

J.C.Cornwell, DreamWorks

Joshua Beveridge, Sony Pictures ImageWorks


Третиот ден од конференцијата беше активно исполнет со keynotes и работилници од истакнати артисти како Никола Дамјанов, Lead Game артист и Substance дизајнер од Nordeus, а по него следуваше Hugo Guerra (Hugo’s Desk), директор и VFX супервизор со големо резиме кој даваше правилни правци за работа во Nuke. На нив им се придружи Ран Манолов (WWFX) со неговиот личен пристап и неговите значајни одлуки и проекти во 3Д индустријата.


На крајот од вториот и третиот ден од конференцијата, Doeri WelchGreiner, специјалист за регрутирање од DreamWorks, даваше совети за портфолијата на артистите, што е она што е актуелно, како да се претстават себе во најдобро светло, што е тоа што се бара најмногу во оваа индустрија, како и делеше совети за како на правилен и полесен начин да се најде работа во светските студија.

Никола Дамјанов, Nordeus

Hugo Guerra, Hugo’s Desk

Ран Манолов, WWFX

Doeri WelchGreiner, recruitment specialist at DreamWorks

Тимот на М3ДС заедно со дел од спикерите

Целосната галерија од сликите може да ја проследите тука.


Дополнително, целиот викенд во МКЦ паралелно со конференцијата се одржаа и останати забавни активности меѓу кои се вбројаа Gaming Weekend, во концерт салата, каде присутните играа различни друштвени игри меѓу кои се одржаа и неколку поофицијални турнири за истите.

DotA 2 турнирот, каде 16 пријавени тимови ги измерија своите сили и вештини во една од најпопуларните игри, а најдобрите од нив се здобија и со вредни награди, а секако FIFA 19 турнирот, една од најпопуларните игри за SonyPlaystation каде 64 тимови изиграа многу мечови од кои секако се издвоија најдобрите од нив.


Како дополнителен настан претставуваше и Game Design How To? 2019 – финалниот настан, кој се одржа вечерта на 23 Март во концертната сала на МКЦ. Имено, во текот на месец Март цели 20 денови во просториите на М3ДС Академијата, тимот на М3ДС ги одржа веќе традиционалните бесплатни обуки за 3Д. Оваа година успеавме да обучиме 600 нови млади лица кои се пријавија на овој настан, кои после обуката беа распоредени во 52 тимови, а секој тим имаше изработено своја сопствена кратка видео игра.


Најуспешните тимови, оценувани според повеќе критериуми беа прогласени токму на овој финален настан и освоија вредни награди, додека секој учесник си доби пакетче со маичка и подароци од нашите спонзори, а воедно и меѓународен сертификат од Autodesk за успешно помината неколкучасовна основна обука за 3Д.

тимот на М3ДС со дел од обучените 600 лица на настанот Game Design How To? 2019

Видео резимето од целокупните настани проследете го во продолжение.


Мило ни е што успеавме мал дел од светскиот врв во оваа индустрија да го донесеме токму кај нас и успешно да ја спроведеме оваа конференција од светски калибар. Понатаму ќе се стремиме кон уште повеќе вакви успеси за поттикнување, унапредување и развој на 3Д, филмската и гејминг индустријата.

Recent Posts

See All
bottom of page