top of page

Nordeus го пречека тимот на М3ДС


Nordeus е независна компанија за развивање на мобилни игри со седиште во Нов Белград, Србија.

Тимот на М3ДС беше во посета на оваа компанија каде што ни ги претставија нивните нови простории со повеќе оддели за работа. Поразговаравме за текот на извршувањето на работите при поголеми проекти, а исто така најдовме и заеднички интереси за кои понатаму би соработувале. Никола Дамјанов не водеше низ обиколката на студиото, кој воедно беше и еден од позначајните спикери на конференцијата која е во наша организација - M3Conference.


Дебитантната игра која ја креирало студиото е Top Eleven Football Manager, игра-симулација на управување со фудбал. Таа игра месечно ја играат повеќе од 4.5 милиони луѓе на Фејсбук. Преку сето тоа, за многу кратко време, Nordeus се најдоа во топ три гејминг компании за социјални игри во Европа, како и меѓу самиот светски врв.

Компанијата е самофинансирана и е една од најбрзорастечките компании во Европа во областа на компјутерските игри. Тоа е приватна компанија без надворешно финансирање.

Се надеваме на уште поголеми соработки и се надеваме дека колаборацијата со Nordeus ќе се вклопи во идните планови на двете компании.



Recent Posts

See All
bottom of page