top of page

Антонија Димоска – креативната индустрија не е работа, туку одмор и уживање додека даваш живот

 

Антонија, студент, вработен фронт-енд девелопер и дипломиран студент на М3ДС Академијата за 3Д и Гејм Дизајн, инаку целосно вљубена во светот на Хари Потер, магични светови, филмови, стрипови, игри, книги и сѐ она што и ја разгорува фантазијата, ни ја раскажа нејзината приказна.

 

Уште од помала, фасцинирана од магијатата, визуелните ефекти и CGI карактерите, ја поттикнала нејзината љубопитност за процесот на нивната реализација, па Антонија првото запознавање со 3Д моделирањето го има на факултет, по предметот Компјутерска Анимација. Професорите д-р Драган Михајлов и асистентот м-р Бобан Јоксимоски низ низа забавни предавања успеале во тоа да ја прикажат убавината на 3Д светот, или како што вели Антонија тоа се ,,првите знаци на magic in her veins”.

Сосем случајното среќавање со IT Novum настанот во 2017 и натпреварот за 3Д моделирање, со вклучени 4 часа запознавање со програмата Maya и 4 часа за натпреварување, според неа е ,,како писмото од Хогвортс што никогаш не го добив”. Незаборавниот ден, опколена со ентузијасти и позитивни луѓе со цел да научат нешто ново, исполнет со креативни идеи, забава и неисцрпна имагинација од секој член од тимот, резултирал со прво место на тимот на Антонија, како и заслужена награда – стипендија за студиите во М3ДС. 

Антонија (лево) со нејзиниот победнички тим.

 

,,Истиот ден кога започнав со студирање во МЗДС  беше истиот ден кога започнав со работа како фронт-енд девелопер. Знаев дека ќе биде напорно, но сепак, и едното и другото се нешта што ги сакам и во кои се пронаоѓам, иако можеби немаат заеднички точки освен креативноста, така што бев решена да најдам начин и за двете. Како некој што поминуваше по многу часови на ден во кодирање, мислев дека зедов преголем залак за да учам и 3Д моделирање, но откако почнав да ги правам првите модели, сфатив дека времето лета и уморот се заборава кога се работи нешто што се сака.

Постојано се запознавав со нови работи од 3Д светот, и се чувствував, па и се уште се чувствувам на моменти, како Хари Потер кога првпат ќе пристигне во Хогвортс. 😀 ”   –  вели Антонија. 


Понекогаш пропуштени предавања во М3ДС биле неизбежни, поради многуте обврски на факултет и работа, но инструкторите имајќи разбирање секогаш помагале да се врати во тек со останатите студенти, овозможувајќи да оди со друга група или индивидуално да и’ го објаснат пропуштеното.

Единствениот проблем со кој се сретнала Антонија биле само домашните, кои не секогаш ги завршувала навреме, поради многуте обврски, но сепак таа вложила целосен максимален труд во изработка на нејзиниот омилен лик од анимиран филм, Toothless. Моделот кој таа го измоделира, скулптурира и рендерира во само неколку недели, се до последниот ден од рокот, е и причината за нејзиното успешно дипломирање на Академската година. 

Антонија на свеченото доделување на сертификатите од Autodesk

 

,,Кога ја добив дипломата, тоа беше како да ја добивам мојата прва Firebolt метла и со самото тоа добив уште поголема мотивација да го завршам моето портфолио и никогаш да не се откажам од реализирање на моите соништа. Би сакала да му се заблагодарам на Стефан, основачот на М3ДС, што е непресушен извор на инспирација и што никогаш не се откажа од мене, дури и кога го молев да ми дозволи да не ја учам програмата ZBrush и веруваше во мојот потенцијал и  дека ќе се пронајдам во програма која што не можев да ја смислам. Таа е програмата која што овозможи Toothless да стане реалност. ”

Toothless, финалниот 3Д модел на Антонија

 

Антонија најтопло им препорачува на сите оние кои што се заинтересирани за 3Д светот и светот на игрите, да го направат тој прв чекор, да преминат од muggles во witches/wizards, и да го откријат овој магичен свет каде што ќе бидат опколени со преталентирани, позитивни и дружељубиви луѓе со исти интереси, и воедно да им помогнат да си го пронајдат своето место во волшебничкиот свет, односно 3Д светот.


За во иднина, Антонија има цел да измоделира уште безброј карактери, со кои што растела, или пак сега ги открива, со коишто едвај чека да го започне патот на нивното создавање и оживување. ,,За моментот кога Toothless беше комплетно завршен и моментот кога го држев в рака 3Д моделот од мојот труд, е тоа е нешто што е незаборавно и нереално. А кога моите желби ќе бидат исполнети, тогаш дефинитивно би сакала да работам фриленсерски затоа што оваа работа, не е работа туку е одмор и уживање додека даваш живот на нечија имагинација.


Секоја чест Антонија! Ти посакуваме и понатаму да нѐ правиш горди со твоите успеси !

Recent Posts

See All
bottom of page