top of page

Во изработка е најголемиот 3Д принт во Македонија


Студентите од М3ДС академијата за 3Д и гејм дизајн и во текот на летото работат со полна пареа

 

Како што се наближува крајот на Академската Година за обуките за 3Д, тие активно работат на изработка на модели, анимации, игри, околини, карактери  и слични проекти кои ќе станат дел од нивното професионално портфолио. Покрај тоа од М3ДС најавуваме дека во тек се и подготовките за нашата прва самостојна изложба на 3Д модели и изработки од нашите студенти, која би требала да се одржи на почетокот за септември, за која подетални информации ќе објавиме понатаму. Токму како мотив за таа изложба, во изработка е гарантирано најголемиот 3Д принт во Македонија. Станува збор за карактер моделиран од страна на нашиот истакнат студент Петар Котевски. Принтот ќе е во висина од 100 цм, се состои од 34 делови, за кои во самиот процес на принтање пресметавме дека би ни биле потребни околу 480 часа со многу непреспиени ноќи.


Благодарение и на нашиот студент Андреј Смилчевски кој полека но сигурно станува експерт во полето на изработка на 3Д модели, се надеваме дека овој принт ќе биде финиширан во најбрз можен рок.

Дали ова ќе остане засега најголемиот 3Д принт во нашата земја и пошироко, останува да видиме на нашата изложба која ќе следува, како и на нашата посветеност на вакви големи подвизи.

bottom of page