top of page

Зад сцените на ,,Toy Story 4" од Pixar, на M3Conference


Мара Мекмахон станала дел од Pixar Animation Studios во февруари 2016 година како уметник за моделирање и ригување на карактери во анимираниот филм „Cars3“.


Таа работела и на наградуваниот краток филм ,,Bao” во продукција на PIXAR, кој беше објавен пред светски познатиот анимиран филм „Incredibles 2“.


МекМахон, која била дизајнер на карактери и ригинг на Bo Beep за најновото продолжение на познатиот анимиран филм „Toy Story 4“, станала водечки артист за моделирање на ликови на претстојниот игран филм во продукција на Пиксар.


Како моделер на карактери и нивно ригување, Мекмахон ги пренесува дизајните на уметничкиот оддел во уникатен 3Д модел и додава контроли за анимација, слично како некој што би додал жици на кукла за таа да може да дејствува.


Пред Pixar, Мекмахон работела како rigging артист TinyCo, Dreamworks, Toys for Bob и Sony Imageworks. Претходно во Чикаго, таа присуствувала на универзитетот Вашингтон во Сент Луис, а сега живее во Беркли, Калифорнија.



Со враќањето на BoPeep во Toy Story 4, уметниците имале за задача да го оживеат повеќедеценискиот лик чиј живот испадна многу поразличен од Вуди. На едукативното предавање таа ќе зборува за развојот на BoPeep низ целиот тек на работата на тимот, почнувајќи од истражување на оригиналните средства за приказната за играчките и уметничките дела од архивите на Pixar, одејќи преку еволуцијата во приказната и секторот за уметност, и конечно преку тимско местење, засенчување и прилагодување.


Ве очекуваме на M3Conference!


Early-bird карти по промотивна цена можете да купите на:






Recent Posts

See All
bottom of page