top of page

Иван Стаменовски – студент од М3ДС, кој полека си го остварува сонот

 

Ве запознаваме со Иван Стаменовски, филмски фанатик, кој се заинтересира за 3Д-то уште во 2017, на еден од настаните ИТ Новум. Млад ентузијаст, со својата упорност и координација на тимот, основните знаења кои ги стекнаа на тие работилници, му донесоа прво место на ИТ Новум 2017, а со тоа и стипендија во М3ДС Академијата за 3Д и гејм дизајн


Како студент на Академската Година, почнувајќи без никакво претходно искуство или знаење, тој се стекна со потребните вештини за 3Д моделирање и анимација, а преку практично зададените задачи, тој искуси како е да се работи на вистински професионален начин на реални проекти.

еден од моделите од најновиот предизвик на Иван

 

Неговиот неодамнешен предизвик беше моделирање и текстурирање на 23 вселенски бродови за странска видео игра, од калибар на Star Wars Empire. Времетраењето на проектот изнесуваше 2 месеци, а Иван успеа навремено да го испорача, професионално изработен и со врвен квалитет.

Иван се’ повеќе се пронаоѓа себеси во оваа индустрија, надоградувајќи го своето искуство и портфолио и си го остварува својот сон, а нам ни е драго и веруваме дека понатаму ќе успее да работи и на други големи професионални проекти.

Recent Posts

See All
bottom of page