top of page

Искористи го твојот ваучер за Intermediate курсот за 3Д





Доколку сакате да ја започнете вашата кариера во фантастичниот свет на 3Д графиката, дизајнот и анимацијата, Intermediate курсот за 3Д е вашиот вистински избор.

 

Реализирајте го вашиот креативен потенцијал и научете како се создаваат карактери, околини, или пак ваша сопствена игра.


Во оваа обука се изучуваат најбараните програми во 3Д индустријата. Низ процесот студентите ги изучуваат принципите на 3Д моделирање на објекти, работа со правилна геометрија за соодветната намена, основи на анимација, напредно 3Д моделирање, а подоцна и креирање текстури, креирање сцени и кратка видео игра.

 

По успешно завршената обука, студентот се стекнува со меѓународно признаен сертификат, издаден од Autodesk USA, бидејќи М3ДС Академијата важи за лиценциран Autodesk Training центар.


🔺 ниво: средно ниво на тежина

✔ времетраење: 4 месеци, ( 24 Август 2020 - 11 Декември 2020)

🕐 фонд на часови: 80 часови

👨 интернационално сертифицирани инструктори

🎓 сертификација: меѓународен сертификат од Autodesk


💻 не е потребно предзнаење

❗ ДОСТАПНО СО ВАУЧЕРИТЕ ЗА ДИГИТАЛНИ ВЕШТИНИ


Финалната изработка која што ќе ја изработи студентот, има право да ја искористи како почеток на неговото лично портфолио за понатамошна работа.


Термини за настава (во зависност од групата во која ќе членува студентот): 13:00 - 15:30 / 16:00 - 18:30 / 19:00 - 21:30

На студентите им следува дополнителна настава за пропуштен час, еднаш во тековната недела, со претходен договор со инструкторите.



 

Наставната програма според предвидените наставни часови опфаќа:

  • 3Д моделирање и анимација во AUTODESK MAYA

  • напредно 3Д моделирање во ZBRUSH

  • основи на 3Д ПЕЧАТЕЊЕ

  • комбинирање на повеќе програми за професионален pipeline

  • работа во UNREAL ENGINE 4

Цената на Intermediate курсот за 3Д изнесува вкупно 60,000 денари, со можност за плаќање на рати и со можност на искористување на ваучер.

Наставата ќе се одвива онлајн.

 

Младите лица од 18-29 години кои имаат право на ваучерите за дигитални вештини од Владата на Р.С. Македонија, можат да ги искористат за оваа обука.

 

Ве молиме да ја пополните Google формата за да го евидентираме вашиот интерес на следниот линк: https://forms.gle/fX1xx17VZUzy78Xa8

 

За повеќе информации Ве молиме обратете ни се на info@m3dsacademy.com или телефонски на +38975445680 или +38977820335


Recent Posts

See All
bottom of page