top of page

М3ДС Академијата доби уште еден меѓународно лиценциран и сертифициран инструктор

Андреј Смилчевски, дипломиран студент на М3ДС Академијата, поранешен асистент, сега е и лиценциран Autodesk Proffesional Instructor

 

По успешно положен глобално признат испит, Смилчевски се здоби со ова признание и е активен инструктор на повеќе групи во М3ДС Академијата.

Подготовката за интернационалниот испит беше интензивна, но тоа не претставуваше пречка за Андреј на кого 3Д светот му стана пасија.

Љубовта и интересот за 3Д индустријата кај него започнала уште како многу мал, па токму преку М3ДС Академијата се повеќе се продлабочила. Негово најголемо задоволство е кога ќе успее да го пренесе своето знаење на студентите, а особено кога студентот ќе се оформи во целосен 3Д артист.

Горд е на своите студенти и на секој нивен понатамошен успех, знаејќи дека тој бил значаен дел од сето тоа.

Честитки уште еднаш!



Recent Posts

See All
bottom of page