top of page

М3ДС во посета на студиото 3Lateral


Тимот на М3ДС, со Џорџе Видовиќ, генералист во 3Lateral

3Lateral е студио што ги соединува страста и иновацијата за создавање карактери и суштества, со седиште во Нови Сад, Србија. 3Lateral развива иновативни технологии кои овозможуваат дигитализација на човечкиот изглед и движење на досега невидено ниво на реализам. 3Lateral е призната како пионер и иноватор во индустријата за игри и има долг список на успешни проекти за игри на ААА, а истите се и дел од Epic Games Inc. од јануари 2019 година. Тимот на 3Lateral е главен виновник за развиток на оваа индустрија во нивната земја, токму преку Unreal Engine како водечки софтвер за создавање виртуелни луѓе и суштества. Тимот на М3ДС Академијата беше во посета на ова студио, каде дискутиравме нешто повеќе околу технологиите, престојните проекти, како и заедничката визија за развој на оваа индустрија во регионот. Со соединети сили веруваме во мотивирање и поттик за позитивно влијание врз технологијата, образованието, како и допирот кон младите преку ваквата технологија, и се надеваме на уште поголеми и поуспешни соработки.



Recent Posts

See All
bottom of page