top of page

Марко Лазов – М3ДС ме испрати кон пат на кој нема гледање назад

Марко Лазов, дипломиран студент на М3ДС Академијата за 3Д и гејм дизајн и најдобриот студент на втората генерација студенти – Еден од моделите на Марко –

 

Двоумењето и нерешителноста околу тоа на кој факултет да го продолжи своето образование, понесен од желбата и талентот за цртање и креирање, Марко се решил за Академската година во М3ДС. Поддржан и од неговите родители, желбата и мотивот за учење на области во кои целосно се пронаоѓа, претставувале негов најдобар избор.


Отсекогаш заинтересиран за креирање на 3Д модели за игри и синематика, како и љубител на игри и филмови во кои преовладуваат CG елементи, ја поттикнало неговата љубопитност за да дознае како се тоа е направено и постигнато. 

Марко целосно се посветил на предавањата, вежбите и домашните зададени на часовите за 3Д, но многупати и самиот експериментирал со моделирањето, текстурите и слично, комбинирајќи ги знаењата стекнати за сите програми и надградувајќи ги истите. Целото негово време го посвети на 3Д-то, посветувајќи се максимално и постигнувајќи професионални резултати. 

,,Бев решен да продолжам во 3Д сферата, како моја идна работа и целото време кое го имав го вложував учејќи нешто ново”

 

Задоволен е од М3ДС Академијата за правилното насочување кон оваа индустрија, отворајќи му многу врати и можности каде може да напредува. Неговиот препознатлив талент и напорна работа, му донесоа понуда да биде дел од Hatchfox Studios, додека сеуште беше студент на Академската година во М3ДС.


,,М3ДС ме испрати кон пат во кој нема гледање назад, каде ќе се бара упорност за работа на уште многу проекти” – вели Марко.


Марко никогаш не го чуствувал 3Д-то како работа или обврска која не сакал да ја исполни, бидејќи на секоја зададена вежба и домашна гледал како предизвик и нешто во кое уживал додека го изработува. Како дополнителен поттик му била пријателската атмосфера во академијата и успешната тимска работа, која многупати ја извршувале дури до доцните часови.


Инаку, на Изложбата на студентите од втората генерација во М3ДС, Марко беше заслужно прогласен за студент на годината. Со неговиот великодушен гест да ја подари наградата, графички таблет од Xp-Pen, на неговиот соученик Андреј Смилчевски, ја покажа колегијалноста, но и другарството кое го стекнаа сите студенти при студиите.


Негова желба е да стане дел од светски познати студиа како што сте Blur, Naughty Dog, Sony Santa Monica и се надева дека со уште многу напорна работа и трпение, еден ден ќе успее да си го исполни својот сон.


Со решителност, упорност, трпение и напорна работа може да се постигне се. Браво Марко!

Recent Posts

See All
bottom of page