top of page

Одржана изложбата на студентите од М3ДС, од генерацијата 2018/2019


На 05 Октомври 2019, по повод успешно завршената Академска година на студентите од М3ДС, беше одржана изложба со нивните изработки.

 

Почнувајќи без никакво предзнаење, по интензивни, едукативни, но и мошне интересни предавања, студентите од генерацијата 2018/2019 ги истакнаа своите 3Д изработки.

Голем број на рендери, анимации и 3Д печатени скулптури беа дел од изложбата, кои претставуваа нивен последен тест и финален проект за академијата, но и почетна точка за нивното портфолио во понатамошната кариера.

Посетителите уживаа во изложбата и се восхитуваа на професионалните изработки, а воедно свечено беа доделувани и меѓународните сертификати од Autodesk за сите положени студенти.

Оваа година, титулата студент на годината, заслужено ја доби студентот Петар Пехчевски, кој со неговите изработки ги воодушеви сите. Максималната присутност на часовите, големиот напор при изработката на вежбите, но и своеволното екпериментирање во програмите, како и финалните изработки, беа критериумите кои ги исполни Петар. Како награда за вложениот труд, свечено му беше врачен графички таблет Artist 16 Pro од XP-Pen, кој се надеваме дека ќе му биде од голема корист за неговата понатамошна работа и креирање.

М3ДС им честита на сите свои студенти и се надева дека истите ќе имаат мошне успешни кариери во оваа индустрија.

Повеќе фотографии од церемонијата и изложбата можете да погледнете на следниот ЛИНК.


Recent Posts

See All
bottom of page