top of page

Петар Котевски – Не можам да бидам позадоволен од стекнатото знаење за само една година

Петар Котевски, средношколец, дипломиран студент на М3ДС Академијата за 3Д и гејм дизајн и моделерот на најголемиот 3Д принт во Македонија

 

Со М3ДС Академијата, Петар се запознал преку неговиот другар, кој веќе бил запишан на студиите и го вовел во се’ она што може да се стекне следејќи го курсот и обврските кои би требало да ги исполни. Фасциниран се’ повеќе од 3Д светот, љубопитен за моделите и распространетоста на целокупната индустрија, тој решил да се запише и да стекне искуство повеќе, во кое со текот на времето се пронашол себеси уште повеќе.


Како средношколец во гимназијата ,,Орце Николов” со секојдневни обврски, одржувањето на одличен успех и редовното следење на наставата било тешко, бидејќи двете бараат константност, посветеност и внимание. Сепак, со понекоја непреспиена ноќ и со добро менаџирање на времето Петар успеал да постигне се’.


,,Добрата организација на времето е клучна за балансирањето на обврските.” – вели Петар.


Како тип кој отсекогаш се интересирал за игрите и филмовите, сепак нешто што најмногу го заинтересирало биле суштествата и фиктивните карактери. Со нетрпение Петар ја чекал можноста да биде комплетно способен да изработи некое од нив, потполно самостојно.


,,Не можам да бидам позадоволен од стекнатото знаење за само една година”.

Најголема инспирација во периодот на неговите студии го наведува филмот „John Carter“ и токму затоа тој изработи 2 карактери од тој филм, од кои едниот ја доби титулата „Најголем 3Д принт во Македонија“, за кој беа потребни прилично многу часови работа. Инаку истиот е висок над 110 cm и содржи 34 делови.

Изработката на овој 3Д принт е и омилениот дел од студиите на Петар. Константно внимавајќи да не се заплетка пластичната трака, како не би се прекинало принтањето цели незаборавни 25 часови за само еден дел од моделот, било предизвик за него и за Андреј Смилчевски, кои се најзаслужни за успешната изработка. ,,Не се опишува чувството на задоволство кога ќе го допреш она што ти самиот си го создал.”


Со помош на сето стекнато знаење денес Петар работи на своето портфолио кое континуирано го надградува и подобрува. Дополнително во изминатиот месец тој успешно изработил и неколку freelance проекти, кои му помогнале да зачекори и подобро да го разбере freelance бизнисот, каде понатаму сигурно ќе напредува.

Recent Posts

See All
bottom of page